Потонатиот брод „Коста Конкордија“ е поместен од дното на морето

 Потонатиот брод „Коста Конкордија“ денеска е поместен од дното на морето во близина на италијанскиот остров Џилио, каде се наоѓа од јануари минатата година.

Инженерот Серџо Џирото изјави дека вo првите три часа по почетокот на операцијата за негово извлекување, бродот воопшто не се помрднувал. Сепак, откако била употребена сила од 6.000 тони, екипата со помош на подводна камера забележала дека тој се поместува.

За три часа од почетокот на акцијата, која се очекува да трае меѓу 10 и 12 часа, инженерите успеале да го завртат бродот за само три степени. За целосно да бите исправен „Коста Конкордија“ треба да се ротира за 65 степени. Според првичните оценки, операцијата ќе ја чини компанијата-сопственик „Коста крочере“ околу 600 милиони евра.

„Коста Конкордија“ се насука и се преврте по удар во подводни карпи крај островот Џилио во јануари 2012 година, при што загинаа 32 лица, а телата на двајца патника се уште не се пронајдени.

16.09.2013 - 14:43

најчитано сега