Франција е против воен напад врз Сирија

Французите остануваат против воена интервецнија во Сирија, но тие ја поддржуваат острата позиција на Франција и САД.

Педесет и четири отсто од испитаните Французи сметаат дека заканите за воена интервенција во Сирија се оправдани. Кај симпатизерите на левицата нивниот број достигнува дури 75 отсто, додека кај тие на десницата 39 отсто.

Педесет и двете отсто од испитаните кои велат дека се блиски до ставовите на опозициската УМП, тврдат дека Франција и САД погрешиле со заканите за воена интервецнија.

Интерсно е дека Французите многу попозитивно ја оценуваат акцијата на американскиот претседател Барак Обама, кој одлучи да побара мислење од Конгресот, што добива позитивно мислење од 54 отсто од испитаните Фрацузи. Додека, акцијата на Франсоа Оланд околу сириското досие добива позитивни оценки само од 36 отсто од испитаните Французи, наспроти 60 отсто кои изјавиле дека се незадоволни.

Франсоа Оланд се најде на истото ниво на незадоволство кај Французите, како и рускиот претседател Владимир Путин од кој за сириското досие се задоволни само 35 отсто од испитаните. Французите не веруваат многу дека меѓународната заедница е способна да го реши сирискиот конфликт, тоа го изјавиле 54 отсто од анкетираните.

16.09.2013 - 14:20

најчитано сега