Нова опција на Facebook - исклучи го од својот живот

Компанијата Facebook моментално тестира нова опција, која на корисниците ќе им помогне од почетната страница да ги отстранат информациите кои не сакаат да ги примаат.

Без разлика дали сакате да не читате коментари за новата епизода од омилената серија која се уште не сте ја гледале, или, пак, сакате да се изолирате од новостите во животот на вашето поранешно момче, Facebook сега има решение и за тоа.

Станува збор за опцијата „Keyword Snooze" (Сокривање со помош на клучни зборови). Оваа опција функционира така што ќе го внесете точниот збор или фразата која не сакате да ја гледате на почетната страница и содржината поврзана со неа повеќе нема да ви се појавува, без разлика дали е поврзана со лица, страници или групи. На овој начин информациите кои не сакате да ги гледате ќе можете да ги сокриете на 30 дена.

„Се надеваме дека со помош на оваа опција корисниците ќе можат да ја прилагодат почетната страница кон своите потреби и навики, како и тоа дека ќе можат да поминат повеќе време фокусирајќи се на работите кои им се важни", вели менаџерот на Facebook, Шурти Мураледаран.

Оваа опција ќе биде лоцирана во горниот десен агол на почетната страница. Ова е најнова опција на Facebook, а сличните опции, кои веќе постојат, му нудат можност на корисникот да сокрие конкретни луѓе, односно да не им излегуваат први на почетната страница или опција со која можат да прекинат да ги следат. Од Facebook нагласуваат дека со опцијата „Keyword Snooze" нема да биде овозможено блокирањето на реклами.

 

 

 

02.07.2018 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега