Нема да има воени бази на САД во Романија и Бугарија

Американската армија се одлучила од плановите за изградба на две нови воени бази една во Романија и една во Бугарија, и да затвори четири бази во Германија.

Причината за тоа е што во 1989 година во Европа се наоѓаа 213.000 американски војници. Нивниот број моментно изнесува околу 32.000, а до 2017 година ќе се намали за уште 2.000. Сето ова е поради строгите буџетски мерки во САД, кои стапија во сила од оваа пролет.

Минатата недела САД затворија две бази во Германија со богата историја и значење за Американците - во Хајделберг и Манхајм, а планираат да затворат уште две во оваа земја.

Американците ќе останат со седум главни воени бази во Европа: пет во Германија, една во Италија и една во Белгија.

„Тоа не значи дека Европа не претставува важен објект за нас. Таа е иделана платформа за пристап до различни делови од светот“, изјави главниот командант на војската на САД во Европа, генерал Доналд Кембел.

 

Според него 32.000 американски војници во Европа се доволно за да ја осигураат моќта на НАТО во регионот, да допринесат за безбедноста на Европа и да дадат поддршка во некои конфликти, доколку биде потребно.

16.09.2013 - 13:42