Босна за 17 години ќе стане земја на старци

Во следните 17 години населението на Босна и Херцеговина ќе се намали за пет проценти, односно на околу 3,6 милиони жители.

Белата чума и стареењето на населението се главни проблеми за ваквата тенденција. Покрај другото и негативната миграција, намалениот број новороденчиња и раст на морталитетот,се исто причини поради кои БиХ до 2030 година ќе биде десетта најстара држава во светот.

Социолозите предупредуваат дека ќе дојде до механичко осиромашување на руралните подрачја, односно луѓето од село масовно ќе се населуваат во градовите, што е неприфатливо за БиХ бидејќи нема развиено земјоделство што на индустриски начин може да произведува храна.

 

Според пописот од 1991 година БиХ имала 4.377.033 жители, додека податоците на Централната разузнавачка служба покажуваат дека во јули 2013 во БиХ живееле 3.875.723 луѓе.

16.09.2013 - 13:32

најчитано сега