Бебето оставено синоќа пред домот за доенчиња не било родено во Битолската болница

Бебето кое синоќа било оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола не било родено во битолската болница, потврдуваат од Центарот за социјални работи Битола за „СДК.мк“.

Бебето било пронајдено од 50-годишниот З.Б. кој случјот веднаш го пријавил во полиција.

Од страна на надлежни лица бебето било однесено на Одделението за неонатологија во ботолската болница.

„Таму беше утврдено дека се работи за пресно породување и според нараквицата на раката утврдено е дека бебето не било родено во битолската болница“, рече Томе Цветковски, директор на Центарот за социјални работи во Битола.

Пред да се најде бебето, поголема група луѓе биле собрани пред Домот и тропале по вратата. Вработените повикале полиција и кога таа дошла надвор имало само еден маж кој рекол дека го пронашол бебето пред влезот на  Домот.

Бебето е згрижено во Домот за доенчиња, а истрагата продолжува.

 

 

 

 

02.07.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега