Неколкумина гардисти приведени поради убиството во Албанија
Неколкумина припадници на Гардата во Албанија се приведени поради убиството на возачот на албанскиот министер за внатрешни работи Фармир Џафај.
Според албанските институции гардистот Шкелзен Ќордја ( 31 ) бил пронајден мртов во службениот автомобил во дворот на гардата на Република Албанија. Албанската новинска агенција ,,Сот“ нагласува дека со еден курпум во главата бил убиен шоферот на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, додека шест други куршуми биле пронајдени во блзиина на автомобилот во зидот до кој бил паркиран автомобилот
Медиумите во Албанија убиството го поврзуваат со аферата околу братот на министерот Фармир Џафај, Агрон Џафај кој во Италија е осуден на казна затвор од 7 години поради меѓународен шверц со дрога. Опозицијата во Албанија повеќе пати протестираше барајќи оставка од министерот Џафај кој се етикетира како член на мафијашка група која се бави со шверц со дрога.
Албанските медиуми додаваат дека убиството е извршено заради бришење на одредени информации за кој знаел гардистот Шкелзен Ќордја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа