ВИДЕО: Откриено подземно езеро во Кенија

 

Во Кенија на 300 метри под земјата е пронајдено е подземно езеро. Научниците веруваат дека езерото постоело уште многу одамна, но сега со употреба на нов систем е пронајдено и е достапно за локалното население.

 Се верува дека езерото е толку големо што може да ги задоволи потребите за вода на земјата во следните 50 години.

Доктор Алан Гачет од Радар Технолоџи Интернешнл вели дека подземното езеро ќе ја промени екоомијата во земјата и смета дека доколку тоа може да биде направено тука, ќе може секаде.

 

И владата на Кенија ќе се обиде да го искористи истиот систем за да пронајде и други скриени езера низ земјата. Слични проекти се планираат и во Етипија и Сомалија каде поради суша милиони умираат од глад.

16.09.2013 - 12:04

најчитано сега