Ѓорчев: Корупција во владината коалиција наместо реформи за влез во ЕУ и НАТО

 

Владимир Ѓорчев во емисијата Анализа 24 ТВ  во дебата со Мухамед Зекири потенцираше дека функционери од владината коалиција си делат тендери што претставува сериозна пречка за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Ѓорчев го спомена случајот во кој фирмата на градоначалникот на Општина Пласница кој ќе го снабдува ЈСП со гориво.

Станува збор за тендер на ЈСП во кој учествуваше и го доби фирмата Пуцко Петрол која е во сопственост на Исмаил Јаовски, актуелен градоначалник на Пласница од редовите на ДУИ. Ова не е единствен случај и е еден од многуте во кои е вмешана оваа фирма со добивање на тендери од државни и јавни институции, меѓу кои Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје, општина Битола.

Пратеникот Ѓорчев го спомена и растот на економијата од 0,1% кој кажа дека тоа не е раст туку стагнација, откако СДСМ е на власт, во контекст на ЕУ интеграцијата на нашата земја односно напредокот што се очекува од Република Македонија. Корупцијата која што треба да се искорени и е услов за влез во ЕУ и НАТО наместо да се работи против истата, таа е во пораст. Цела една година откако СДСМ е на власт корупцијата е во подем, а за сметка на тоа економијата тоне.

 

 

 

29.06.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега