Внимавајте: Див таксист си ги ограбувал патниците кои ги возел низ Скопје

Млад таксист од Скопје кој си заработи кривична пријава за кражба откако украл мобилен телефон од патничка која ја возел.

Станува збор за 23 годишниот скопјанец И.И. кој “на диво“ превезувал патници. Тој, како што информираат од полицијата, го украл телефонот од 20 годишната З.А. додека таа излегувала од неговото возило. Итриот крадец, го искористил нејзиното невнимание, протнал рака во нејзиниот џеб и го украл мобилниот телефон.

Не е позната бројката на патници кои “настрадале“ од дивиот таксист.

16.09.2013 - 10:12

најчитано сега