Средба на министерката Дескоска со делегација на ПССЕ

 

Реформските приоритети на Владата и Министерството за правда, реформите во судството, како и унапредувањето на човековите права, демократијата и владеење на правото беа тема на разговор на денешната средба во Скопје на министерката за правда Рената Дескоска со делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, предводена од ко-известувачите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи.

- Реформите што ги спроведуваме во Министерството за правда, се реформи за бенефитот на граѓаните. Добрата законска основа е гаранција за независноста и непристрастноста на судството, рече Дескоска.

Таа, информираат од нејзиниот Кабинет, порача дека сите решенија и реформи ќе бидат предмет на широка јавна дебата, која ќе биде спроведена во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност, Венецијанската комисија, граѓанскиот сектор и политичките партии, додавајќи дека таа посакува долгорочни решенија за доброто на граѓаните и државата за што очекува консензус и политичка волја во Собранието.

Дескоска истакна дека очекува поддршка во спроведувањето на реформите, а претставниците на ПССЕ ја изразија својата поддршка за евро-интеграциските процеси на Република Македонија и спроведувањето на реформите во делот на правосудството.

На состанокот, Дескоска и ко-известувачите Кристоферсен и Гилечи од ПССЕ дискутираа околу измените во Законот за судови, Кривичниот законик, како и за измените во Изборниот законик. 

 

 

 

19.06.2018 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега