На соседите им кажал дека убил човек, но тие не поверувале, а потоа во неговиот дом пронашле мртовец

Поради сомнение дека во својата куќа во Карловац со ловечка пушка убил разбојник, хрватската полиција го уапсила Мирко. К.

Страшното злосторство се случило во неделата на 17. јуни кога 25-годишникот влегол да изврши кражба во куќата на Мирко.

„Во моментот на насилно отворање на вратата, од внатрешноста на просторијата, со огнено оружје бил усмртен од 82-годишникот“, соопштила полицијата.

Соседите рекле дека Мирко последните два дена во селото одел со мачета, а во понеделникот така вооружен отишол до кај соседот и му кажал да повика полиција, бидејќи убил човек, пишуваат хрватските медиуми.

Потоа продолжил да оди низ селото и на глас да им вели на мештаните да повикаат полиција, бидејќи убил човек, но никој не го сфаќал сериозно, бидејќи тоа било негово вообичаено однесување.

Во меѓувреме полицијата стигнала до домот на Мирко и пронашла мртво тело на маж.

„Слушнавме пукање во неделата, но мислевме дека се ловци, но ни на крај памет не ни беше дека вакво нешто се случило“, рекле изненадените соседи.

Како што пренесуваат медиуми, Мирко во куќата живеел сам. Велат дека имал тежок карактер и чудно се однесувал, но и дека често влегувал во расправија со луѓето, па сите го избегувале.

 

 

 

19.06.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега