Тодоров и Јакаб потпишаа - почнува соработката на МЗ и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа

 

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа Сузана Јакаб во турскиот град Чешме, потпишаа двегодишен договор за сорабоптка меѓу Министерството за здравсто и СЗО - Регионална канцеларија за Европа за периодот 2014-2015 година, објавува МИА

- Република Македонија е прва земја од Европа која потпиша ваков договор со СЗО во оваа сесија на договори. Тоа ќе ни овозможи на обезбедиме двојно повеќе средства од оние што претходно биле обезбедувани за оваа намена. Тоа се 660.000 до 700.000  евра, кои помагаат да се имплиментираат политики кои се од значење за РМ, особено во делот на здравствените политики, истакнал Тодоров.

Според Тодоров, договорот се однесува на техничката поддршка за имплементација на новиот Оперативен план во здравството до 2020 година, како и во областа на незаразните болести.

Тодоров информирал дека со Јакаб разговарале за приоритетите кои на Македонија во однос на развојот на здравствениот сектор.

- Ги информирав за повеќе реформски активности кои ги преземаме на овој план, од аспект на здравствената инфраструктура, инвестирањето  во човечки капитал и едукација на доктори специјалисти во Македонија, едукација од странски доктори во Македонија, електронскиит систем „Мој термин“, како и две посебни работи кои влегоа во договорот, што беше предност која и беше дадена на Македонија, рекол Тодоров по средбата.

Министерот за здравство истакнал дека она што за него претставува силен мотив да продолжи успешната соработка со СЗО е дел од стратешкиот оперативен план кој е вметнат во договорот. Според него, планот треба да овозможи конктинуитет на сите реформи кои се прават во областа на здравството во Македонија, кој треба да биде во согласност со здравствената политика на СЗО 2020.

Министерот најавил дека ќе се фокусираат на стратешкиот оперативен план кој е повеќегодишен и треба да обезбеди континуитет на реформите

- Втора работа на која ќе се фокусираме се незаразните заболувања. Првпат во Македонија е претставена програмата за кардиоваскуларни заболувања, тука се и малигните заболувања, менталното здравје, сидата, итн, додал Тодоров.

Јакаб исто така изразила задоволство од потпишувањето на договорот. Таа посочила дека нивната соработка со Македонија досега била одлична и планираат таа дополнително да се подобрува.

- Ми беше многу драго да бидам во Скопје за инаугурацијата на Секретаријатот на мрежата на Југоисточна Европа. На овој начин Македонија има водечка улога во регионот меѓу земјите од ЈИЕ во врска со здравството. СЗО во целост ќе ја поддржува Македонија со техничките капацитети за оваа улога ефикасно да ја заврши, изјавила Јакаб.

Тука не завршуваат обврските на Тодоров во Чешме. Според најавите, тој утре ќе има свое обраќање на 63.Годишна сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа.

15.09.2013 - 15:24
Фото: 
миа

најчитано сега