Сакате свадбен поклон во плик? - Ова ќе ве натера да размислите уште еднаш
Економската криза во Полска донесе нова “мода“- младоженците за подарок добиваат празни коверти во кои нема пари.
Еден млад брачен пар од 30 коверти во кои требало да има пари од роднини и пријатели кои им дошле на свадбата, добиле осум празни, а во деветтото имало обична хартија исечена во големина на банкнота, за да не се препознае уте на прв поглед дека станува збор за измама.
Друг брачен пар, направил свадба за 120 гости, и во половина од ковертите кои ги добиле, немало ништо.
- Криза е. Многу луѓе немаат пари за таков подарок, каков што би требало да биде свадбениот, а се срамат за тоа да зборуваат затоа што досега имале пари, го објасни новиот феномен за денешното издание на „Жечпосполита“ професорот Мариуш Јенџејко.
Според него, за ваквиот феномен придонесува и тоа што денеска се живее во време за кое е карактеристична хипокризијата.
- Толку сме навикнале сите да не мамат, и ние сите ги лажеме, што таквите работи и не ги забележуваме, вели Јенџејко.