Бебето Најден ќе добие ново јазиче - ќе го оперираат американски лекари

По преживеаната тортура, за Најден доаѓаат подобри денови. Новороденчето од Арачиново на кое му беше пресечен јазикот само неколку часа по раѓањето, кога ќе наполни 3 месеци ќе добие операција која ќе му помогне нормално да јаде и да зборува, пренесува "Дневник"

- Операцијата ќе ја извршат американски лекари во Скопје, со помош на македонски хирурзи. Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче. Kога Најден дојде во болница му беше закрпен коренот на јазикот, сега е потребно да се направи реконструктивна операција. Тој е сега во стабилна здравствена состојба. Овој случај ги затече и лекарите од Америка зашто досега не се случило да работат со пациент што се родил без јазик бидејќи нема таков - вели Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова за "Дневник".

Повеќе детали на "Дневник"

ФОТО: Дневник

најчитано сега