Страшна несреќа во Македонија, едно лице се бори за живот

Во 18.00 часот на регионалниот пат Струмица-Куклиш-Банско дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот С.С. од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот П.З. од Струмица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

 

 

 

14.06.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега