Држава во Америка нуди 10.000 долари за секој кој ќе се досели - постои еден услов

Соочена со негативни демографски трендови, американската сојузна држава Вермонт е подготвена на секој Американе во работен однос, кој работа на далечина, да му плати 10.000 долари за од некоја од другите сојузни држави да се досели во Вермонт.

Во споменатиот износ вклучени се трошоци за преселба, интернет за новиот граѓанин на државата, како и административни трошоци, додека самата награда од Вермонт изнесува 5.000 долари.

На ваков потег Вермонт се одлучил по зголемувањето на постаро население и намалување на оние кои плаќаат данок. Од 623 илјади жители Вермонт е американска сојузна држава со најмал број на жителите и меѓу шесте држави сонајмала територија.

Со наградување на доселеницте Вермонт ќе почне наредна година.

Вермонт еподготвен да прифати само вработени со полно работно време за компании чии седишта се наоѓаат надвор од Вермонт, лица кои одат на работа далеку од својот дом.

Властите на оваа сојузна држава се надеваат дека програмот може да ги мотивира оние кои во моментот се школуваат во Вермонт, по дипломирањето да останат во државата.

 

 

 

14.06.2018 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега