Објавена снимка од спектакуларна кражба на аеродром - лажни специјалци носат вреќи со пари од Карго центарот

На интернет се појавила снимка од спектакуларна кражба на паро од Карго центарот на Меѓународниот аеродром во Сараево (МАС).

Знаејќи за специјалната пратка од АБС Банка Сараево, на 5. декември 2007 година, четворица вооружени разбојници во полициски униформи сод Карго центарот однеле неколку вреќи со пари кои со авион требало да бидат транспортирани во странство.

„Мозок“ на операцијата била Зијад Турковиќ, додека непосредни извршувачи биле лица од Србија. Лице од внатрешноста е обвинетиот Нијаз Зубан, кој ја имал информацијата за вредната пратка од АБС Банка, а на крадците им овозможил непречено извршување на својата работа. Според информациите од банката, украдени се вкупно 1.315.755,46 евра во разни валути и апоени.

На работниците во Карго центарот им рекле дека СИПА врши контрола и потрага по дрога. Еден од крадците бил во возило, друг ги контролирал вработените, а останатите двајца биле во просторијата каде била чувана пратката. Тогаш со оружје го довеле Зубан за да изгледа дека е спроведен под присила. Тој им ја покажал количката во која се наоѓале парите.

Погледнете:

 

 

 

14.06.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега