Ахмети откри кога ќе биде потпишан Договорот со Грција

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето.

Лидерот на албанската партија која е на власт во македонската Влада рече дека во процесот на преговорите меѓу Скопје и Атина имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата. 

 

 

 

14.06.2018 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа