Време: Наутро 3 степени - денот сончев

Во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 6, јавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4All

Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. УВ индекс 6. 

Во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните западни и југозападни предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достогнат до 24°C односно до 33°C

14.09.2013 - 23:44

најчитано сега