Фудбалската ѕвезда ја раскажа својата трагедија: Гледал како татко му ја убива неговата мајка, му починала на раце

Секогаш кога ќе постигне гол, Јакуб Блашчиковски ги крева високо рацете и гледа кон небото, барајќи ја својата мајка која трагично настрадала.

Еден од најдобрите полски играчи во историјата, репрезентативецот Јакуб Блашчиковски преживеал пекол кога имал само 10 години. Во 1996 година неговиот татко Зигмунт ја убил мајка му Ана.

-Си играв во собата и низ отворениот прозор слушнав караница. Ги препознав гласовите, тоа беа моите родители, татко ми викна и во тој момент се застана. Истрчав од куќата како би и помогнал на мајка ми Ана, но беше прекасно. Издиша три пати и почина на моите раце, открива полскиот фудбалер.

-Само еден ден порано со мајка ми составував сложувалка, а и кажав идека не знам што би правел без неа…

Татко ми поради убиството беше осуден на 15 години затвор, а тогаш 10 годишниот Јакуб сведочејќи морал повторно да поминува низ болни моменти.

-Тогаш веќе играв фудбал и секој ден патував два часа на тренинг. По смртта на мајка ми бев потполно изгубен и престанав да играм. Меѓутоа, благодарејќи на вујко ми, кој е поранешен фудбалер, успеав да се средам и да му се вратам на фудбал. Тој секогаш ме уверуваше дека сум спремен за големи работи, кажа Јакуб.

Јакуб вели дека голема улога во неговото растење имала неговата баба Фелицја.

-Грижата за брат ми Давид и мене ја презема баба Фелицја која со својата љубов го сочува семејството цело и не испрати на правиот пат. Го обожава фудбалот и е мој најголем критичар, низ насмевка кажа Јакуб.

Неговиот татко од затвор излезе во 2012 години, а пред неколку години и почина.

-Со него никога повеќе не сум разговарал. Многу размислував за тој кобен ден и се прашував дали можам да ја спасам мајка ми, но сфатив дека ништо нема да постигнам со тоа, дека морам да продолжам понатаму.

 

 

 

12.06.2018 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега