Метеоролозите издадоа предупредување: Пристигнуваат пеколни жештини

Во текот на денешниот ден Македонија ќе биде под влијание на Африкански бран. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала до умерена локална облачност, информира метерологот Славо Попоски.

Во попладневните и раните вечерни часови особено во планинските предели но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално не се исклучува можноста за нешто поинтензивни процеси со електрични празнења и услови за ретка појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Краткотрајна нестабилност проследена со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и услови за редок град не се исклучува и за Скопскиот регион.

Еве каде е најтопло ова претпладне:

 

 

 

12.06.2018 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа