Итно предупредување од британската Влада: Не одете во Турција, постои опасност

На официјалниот сајт на Владата на Велика Британија стои предупредување дека во Турција постои голема опасност од терористички напади, па Лондон ги советува своите државјани да ја избегнуваат аа земја.

Како што е наведено, на сила е пораст на терористички активности на сепаристичките Курди, а забележани се и неколку напади од Исламската држава на тлото на Турција.

Терористичките групи, вклучувајќи ги ИСИЛ и ТАК јавно се закануваа за напади врз турки локации.

Поради тоа во опасност е земјата која туристите ја посетуваат во голем број.

Исто така наведено е дека најмногу загрозен е авиосообраќајот, па британските државјани се советуваат во целост да соработуваат со аеродромскиот екипаж.

 

 

 

12.06.2018 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега