Плоштадот „Синтагма“ во Атина затворен поради Златна зора

Плоштадот „Синтагма“ во Атина денеска ќе биде затворен по барање на градоначалникот Јоргос Каминис кој ја нарече „расистичка и ксонофобска“ хуманитарната акција на Златна зора за раздавање храна само на Грци.

Атинскиот градоначалник побарал од полицијата да го испразни плоштадот и да не дозволи таму присуство на претставници на Златна зора.

Каминис ја нарече планираната хуманитарна акција „провокација“ што е закана за имиџот на државата. Крајнодесната Златна зора објави дека нема да го послуша Каминис и ќе раздаде традиционални велигденски продукти на Синтагма пред Велигден. 

најчитано сега