Над еден милион евра за проекти за општините и за планските региони во Македонија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон денеска ќе го отворат форумот за дефинирање на критериумите за финансирање проекти во општините, во рамки на проектот „Подобрување на општинското управување”.

Проектот во вредност од 2,4 милиони евра е финансиран од ЕУ, а ќе се реализира во општините и во планските региони.

Во рамките на проектот со над еден милион евра од Европската унија ќе бидат финансирани проекти во осумте плански региони и во 30 општини. 

 

 

 

12.06.2018 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега