Пред нас е неработен ден - ќе се спасиме ли од невремето за споениот викенд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движи од 15 до 32 степена.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во петок е неработен ден, а еве какво време се најавува.

 

 

 

11.06.2018 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега