„Та Неа“: Поделби во Владата на Заев, Никола Димитров игра лични игри

Весникот „Катимерини” пишува дека преговорите меѓу Грција и Македонија се во застој, а причина е „интерпретирањето” на правните документи, а не во принципите на договорот.

Како што пишува „Катимерини“ се очекува премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во следните 24 часа да се договорат.

„По видните разлики меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров, како пречка во процесот, се очекува двајцата во следите 24 часа да дадат некаква порака за договор”- наведува „Катимерини”.

Во интервју објавено денеска во „Неа Селида”, портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам за позитивни резултати од преговорите.

Информациите велат дека внатре Владата на Скопје, има поделба со Димитров кој продолжува да игра лична игра”, пишува весникот „Та Неа”.

„И телефонот не заѕвони…” Ова е песната која ја слушаат во грчката Владата во последните неколку часа, додека чекаат Зоран Заев да го направи најавениот чекор и да ги затвори преговорите со средба во Преспа, пишува „Та Неа”.

Од таму велат дека причина за застојот е во тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, продолжува да постапува на своја рака. Според весникот Димитров го блокира процесот со тоа што изразува несогласување по однос на договорот.

„И покрај оптимистичките предвидувања за сабота напладне, комуникацијата се одложува на следната недела. Информациите укажуваат на тоа дека во Владата во Скопје постојат поделби со тоа што Никола Димитров продолжува да игра лични игри. Ако се надминат пречките поставени од Димитров и повикот се оствари, средбата меѓу Заев и Ципрас ќе се одржи до Среда, потписите ќе паднат и договорот ќе оди на одобрување во Парламентот за на 25-ти јуни Македонија да добие зелено светло од ЕУ”, стои во написот на „Та Неа”.

 

 

 

10.06.2018 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега