Македонија местела на Евровизија?
И Македонија се обидувала да го намести гласањето на изборот за Песна на Евровизија. Како што пишува британски Дејли Мејл повикувајќи се на информации кои ги соопштил анонимен службеник кој бил вклучен во овогодинешното натрпеварување во шведскиот град Малме станува збор за обиди да се менуваат гласови. Тој посочил дека Азербејџан, кој доби 12 поени од Малта не само што се обидел да го поткупи жирито, туку плаќал и литвански суденти да гласаат повеќе пати за нив. Според британскиот весник, поради овој скандал, организиаторот на Евровизија, ќе отвори истрага.
Останува нејасно, какво местење има во случајот на Македонија, ако се знае дека Влатко и Есме не успејаа да влезат во финалето
14.09.2013 - 21:52