Пукотници го тресеа скопско Крушопек

Вчера попладне, скопјанецот М.Н. пријавил дека дошло до вооружен инцидент во скопско Крушопек. Според скопјанецот,  поради претходна расправија, неговиот соселанец М.Р. извадил пиштол, го репетирал и го вперил кон него, заканувајќи му се дека ќе го убие.

Околу 2 часот, неколку лица со автомобил “Голф-3“ дошле пред куќата на семејството на М.Р. и од огнено оружје пукале кон куќата. Насилниците го оставиле возилото и пешки избегале од местото на инцидентот. Полицијата излегла на лице место и пронашла 10-15 чаури од пиштол.

Во тек се мерки за расчистување на случајот.

 

14.09.2013 - 12:57