Заев: Градиме квалитетни патишта да им служат на идни генерации

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот  Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов го означија започнувањето на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш, јави Канал5.

- „Се работи за делница од 40 км. Овој потег којшто сега е отворен како прва фаза од изградбата на оваа делница изнесува 27 километри“, соопшти премиерот Заев.

- „Сето тоа е девизен прилив за граѓаните на Република Македонија и за билансната сметка на државата. Со едни вакви брзи делници кои ќе овозможат брзо пристигнување јас очекувам дека ќе се мотивира зголемување на  протокот на стоки и  зголемување на протокот на патници што е современа тенденција“, порача премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во својата изјава за медиуми ја истакна важноста на изградбата на овој експресен пат и сподели информации за планираните активности во источниот регион на Република Македонија.

„Владата на Република Македонија е исклучително посветена на одвојување на средства за источниот и југоисточниот регион. Во наредниот период планирани се 320 милиони евра за овој регион за изградба на патишта“, рече министерот Сугарски.

 

 

 

02.06.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега