Што пријавил во имотниот лист новиот министер за образование Адеми

Откако вчера Собранието даде зелено светло за новите министри во Владата на Зоран Заев, Арбр Адеми се сместува во министерската фотелја која ја наследува од Рената Дескоска и станува министер за образование.

Тој е од Куманово и завршил Правен факултет. Магистрирал во областа на правните науки. Докторирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана.

Според анкетниот лист, најголем имот пријавил на име на неговите родители, куќа во Куманово (проценета на 5 милиони денари), два стана во Куманово од 85 квадратни метри кои се проценети на 2.3 милиони денари и 2.5 милиони денари, пренесе Фактор.

Од личен имот тој пријавил само плата и орочени денарски депозит и 400 000 денари кои не е наведно како ги стекнал.

 

 

 

02.06.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега