Освен нов Клинички, ќе се гради и нова Градска болница

Освен нов Клинички Центар, во Скопје ќе се гради и нова Градска болница, на местото на сегашниот „Мајчин дом“ во општина Ародром, објави Телма. Како што информираат од Телма, Финансирањето на изградбата на Клинички ќе биде со пари на Европската централна банка. Министерот за здравство Филипче и претставници на банката пред две недели ги финализирале работите за кредитот за изградба. Пари кои според проценките на Министерството ќе бидат доволни за целиот проект.

„Место на коешто можат да се изградат 19.000 метри квадратни и коешто сметаме дека е најсоодветно да се префрли сегашната стара градска болница којашто се наоѓа спроти собранието и којашто зафаќа простор од 5.000 метри квадратни. Таму е започната реконструкција, меѓутоа инфраструктурата е многу стара и практично сметаме дека е невозможно да се доврши соодветно“, изјави министерот Филипче. 

Освен градење на нова Градска болница, ќе бидат остварени и средби со претставници на интерните клиники кои работат во лоши услови. Дел од нив може да бидат префрлени на останатиот простор кај Мајчин дом со кој ќе се располага. Ова го изјави министерот Филипче на отварањето на нова сензорна соба во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас. Во неа, логопеди и дефектолози ќе ги третираат децата со аутизам и пречки во развојот.

„Овие деца покрај дијагностичките метод и тимскиот пристап коишто се применуваат во нашата установа, ќе бидат изложени на дополнителни анализи и опсервации, односно ќе биде изработен сензорен профил. Тој сензорен профил ќе ни покаже на кои стимулации децата се хиперсензитивни или хипосензитивни“, вели Силвана Филипова – в.д. директор на Завод за рехаблитација на слух, говор и глас.

Продолжува и изградбата на новиот центар за аутизам. Проектот е започнат пред неколку месеци, во Топанско Поле, а изградбата се очекува да заврши на крајот на следната година. Според проценките, капацитетот на центарот треба да биде доволен да прими деца со аутизам од целата држава. Поради тоа не е потребно зголемување на капацитетите на Заводот.

 

 

 

01.06.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега