Заев ја образложи реконструкцијата на Владата - Илија Димовски му врати дека е пазарџиска

Премиерот Зоран Заев денеска од говорницата во македонското Собрание ја објасни реконструкцијата на Владата з акоја треба да гласаат пратениците.

За нова министерка за правда се предлага Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми за култура и за министер без ресор Бардил Даути, додека за заменик министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири. Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.

-Она што не го правите денеска е реконструкција во ресорите каде нема резултати или има потфрлување.  Тука ќе ги споменам скандалите со труд и социјала, економскиот сегмент и други министерства. Вие лично од денеска ја преземате одговорноста за скандалите и нефукнционирањето  на министерствата, рече Димовски.

 

 

 

 

 

 

01.06.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега