Полицајците во Арачиново не казнуваат оти немале казни

Полицајците кои работат во одделението во Арачиново не казнуваат бидејќи немале казни. Тие се жалат дека по наредба на високи функционери од МВР, било забрането да ги добиваат казните.  За ова за Макфакс раскажува Дејан Саздов, вработен во ПО Арачиново и претседател на Независниот синдикат на полицијата.

-„Ми беше укажано дека нема да може да бидам задолжен со потребни списи, иако одговорност на полицискиот службеник е да ги има истите затоа што без нив не може да ги употребува задолжувањата и да презема мерки согласно со Законот за безбедност на патниот сообраќај“, вели полицаецот Саздов за макфакс.

„На пример, во случај кога вие би возеле 200 километри на час и без возачка дозвола а јас би работел во тој дел, не би можел да постапам согласно со законот затоа што ќе бидам спречен да ви изречам мерка согласно со сторениот прекршок. Во таа ситуација јас ќе треба да повикувам други полициски службеници, од други надлежни полициски станици да дојдат на местото на настанот па тие да ја преземат мерката. За колку време ќе дојдат, тоа ќе зависи од нив“, објаснува Саздов за тоа на кој начин може да се казнат можните неправилности.

 

 

 

01.06.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега