Излетале со мотор од патот - повредени две млади момчиња во Кочани

Во 23 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип –Делчево, кај местото “Стара река“ - атар на селото Чифлик, кочанско, 26-годишниот Т.Ј. управувајќи мотоцикл “Сузуки“ излетал од патот.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник, 17-годишниот З.И. од Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

31.05.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега