Неверојатен пекол од рано наутро - попладне пресврт со времето

Неверојатни температури од рано наутро во Македонија. 

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 степена.

До утре во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста. Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До утре кога ќе биде и најтопло дневните температури ќе бидат во благ пораст. 

 

 

 

31.05.2018 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега