Видео: Испливаа нови застрашувачки факти за погубувањето на рускиот специјалец во Сирија

Исплива видео за погубувањето на рускиот војник на специјалните операции, кој останал сам да ја брани својата позиција и да го одбрани хуманитарниот конвој.

Видеото покажува позиција на сириската војска која нападнал бомбаш на Исламската држава на 15. јуни 2016 година. Меѓу Сиријците се наоѓал и рускиот војник за специјални операции кој не ја напуштил својата позиција ни кога сите останати се разбегале.

Војникот Андреј Тимошенков го жртвувал својот живот за да спречи автомобил полн со експлозиви да удри во центарот за дистрибуција на хумантирана помош, кој се наоѓал веднаш зад сирискиот контролорен пункт.

Тој останал сам да се бори наместо да се повлече како останатите. Се обидел да го запре автомобилот со пукање. Успеал да го примора бобашот порано да ги активира експлозивите во возилото. Андреј тогаш се здобил со повреди од кои починал.

 

 

 

30.05.2018 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега