Видео: Кражба во живо - влегол во обложувалница со нож, но набрзо се покајал

Полицијата во Даниловград интензивно трага по разбпјникот кој маскиран и вооружен со нож, во саботата упаднал во една обложувалница и се обидел да го одземе прометот.

Меѓутоа, во таа намера го спречил работник кој физички му се спротиставил.

Камерите покажуваат дека во обложувалницата освен работникот на пултот имало и маж, кој седен на едно од столчињата и исчекувал резултати од утакмица.

Во совладувањето на разбојникот се вклучил и еден од гостите, што му овозможило на работникот да ги притисн розевиот тастер, односно аларм.

Штом го слушнал алармот, разбојникот се откажал од грабежот и избегал.

 

 

 

30.05.2018 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега