Видео: „Алберто“ руши се пред себе - евакуирани 2.000 луѓе поради страв од пукање на брана

Од планинското подрачје во американската сојузна држава Северна Каролина, евакуирани се 2.000 лица поради можно пукање на браната на езерото Тахома, предизвикано од силната бура Алберто.

Евакуацијата беше објавена во вчера вечерта, бидејќи инженерот, кој бил во инспекција, проценил дека браната би можела да попушти.

Браната се наоѓа на 129 километри од градот Шарлот.

Обилните дождови предизвикаа поплави во западниот дел на Северна Каролина, десетици патишта се блокирани поради одрони или поплави.

 

 

 

30.05.2018 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега