За првпат во Македонија преживеа новороденче старо неполни 6 месеци

За првпат во Македонија преживеа новороденче старо неполни 6 месеци и сега тежи цели 2 килограми, соопштија од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

-Родено со само 700-тини грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка. Ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје - изјави педијатар Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија – Скопје.

Ова бебе ќе биде запишано ов историјата како прво новороденче кое дошло на свет во 23-та недела од животот.

Бебето кое веќе 100 денови е на Клиника, веќе не е во инкубатор, самостојно дише, редовно се храни,а болницата ќе ја напушти за неколку дена.  

 

 

 

30.05.2018 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега