Видео: Како на филмовите - водата за миг „проголта“ трговски центар, луѓето панично бегаа

Западот на Германија го погоди страшна бура, а најлошо беше во градот Вупертал во Северна Рајна - Вестфалија.

Обилните дождови ги поплавија улиците и ги претворија во реки кои носат се пред себе.

Една од снимките кои привлекоа големо внимание прикажува еден трговски центар кој е целосно потопен. Луѓето во паника бегале на катовите, додека некои се бореле со поплавата на пониските катови.

„Ова е како во филмовите за апокалипса“, беа само некои од коментарите.

Силно невреме истовремено го погоди и Дизелдорф каде падна град. Поплавени се бројни куќи, сообраќајот е парализиран, а откажани се и некои летови. Метеролозите испратија предупредување за торнадо.

 

 

 

30.05.2018 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега