Судски совет: Од утре ќе работиме на проверка на наводите за рачно делење на судските предмети

Помина еден месец и половина откако Судскиот совет формираше комисија за разгледување на извештајот на АКМИС системите, а утре оттаму ќе бидат соопштените превите оценки.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски не откри што точно разгледувале.

„Од целото работење од минатиотите години, претпоставувам дека е така, могу голема фама се крена за тие незаведени 860 предмети. Тука апсолутно нема таква бројка на предмети, знам дека се побарани како конкретна бројка на предмети, кои се и од која пригода се тие предмети“, изјави претседателот на Судскиот Совет, Зоран Караџоски, пренесува Канал 5.

Новинарите, оневозможени да споредат дали постоеле 860 предмети во Кривичниот суд, кои не биле доделени на судија, зашто министерството за правда не го дава извештајот.  Заменикот – министер Оливер Ристовски, образложи извештајот од АКМИС Системите да го побараме од министерот Билјен Саљији, зашто тој го водел проектот. Саљији, пак, вели дека функцијата му е техничка, ингеренциите се кај заменикот Ристовски.

Затоа министерот за правда Билјен Саљији, кој сега е во оставка, лани во декември меѓу другото обелодени непочитување на годишниот распоред на судовите, неприменување на АКМИС Системот, а судиите не се бирале по случаен избор, однапред се знаело кај кој судија ќе се падне одреден предмет.

Сега, овие забелешки за работата на судовите го разгледува Судскиот совет, а извештајот е и во Обвинителството.

 

 

 

30.05.2018 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега