Груевски: Титаник е измслен од сјо за судско-политички геноцид врз ВМРО-ДПМНЕ

Обвинтетите во предметот Титаник и денеска побараа судот да ги отфрли обвиненијата на СЈО повикувајќи се на аболицијата на претседателот Иванов. Првиот човек на Кривиечн пак одговара дека судот прво ќе проверува дали Иванов имал право да ги ослободи осомничените, на кој член од законот се повикува неговата одлука и дали таа е правосилна. Џолев вели дека обвиненија се веќе прифатени, а последниот збор ќе го имаат повисоките судови, пишува Сител.

Ваквото одолговлекување на поостапката според адвокатот Петар Василев е единствено на штета на обвинетите, бидејќи одлуката на Иванов е конечна.

Василев вели дека и македонските судови треба да постапуваат со согласност со европското право, како и Врховниот суд во Атина. Како неточни ги отфрли пишувањата во медиумите дека грчкиот министер за правда може да ја промени судската одлука Горан Грујевки и Никола Бошковски да не бидат екстрадирани во земјава.

Со воведи извлагања денеска продолжи и судењето за Титаник.  Екс-премиерот Груевски овој предмет  го оцени како кострукција за судско-политички гоноцид врз ВМРО-ДПМНЕ. Во воведните зборови Груевски потсети дека тој и неговата партија издвоија убедливи победи на изборите од 2005-та до 2016-та година и воопшто немале потреба да влијаат врз гласачите. Адвокатите побараа судот да го отфрли обвинението на СЈО бидејќи кривичните дела се веќе застарени.

На рочиштето закажано во четврток, обвинетите ќе треба да се произнесат дали се чувствуваат виновни за дејствијата за кои ги терети Специјалното обвинителство.  

 

 

 

28.05.2018 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега