Димитров и Коѕијас постигнале компромис за името - пеглање на детали, па конечен договор на Заев и Ципрас

Димитров и Коѕијас ја утврдија рамката за решение, Заев и Ципрас ќе треба да го состават финалниот договор. По долгите разговори во Њујорк и Брисел шефот на македонската дипломатија оценува дека преговорите се во крајната фаза. Димитров очекува дека е изводливо до Самитот на ЕУ идниот месец да се најде решение. Во изјава за МИА министерот открива дека неделава Заев и Ципрас ќе треба да ги донесат конечните одлуки.

- Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, рекол Димитров во изјавата за МИА.

Од владата велат дека се уште не е утврдено дали Заев и Ципрас ќе ги вршат финалните усогласувања преку телефонски разговор или тоа ќе биде нова средба. Засега познато е само дека правните тимови од двете земји ја доработуваат утврдената рамка во Брисел.

- Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите  на експертско ниво - она што треба да се реши се техничко - правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, пишува во изјавата од Коѕијас која ја објави грчкото МНР.

По синоќешните разговори Димитров-Коѕијас процесот денеска го поздрави и шефицата на дипломатијата на ЕУ.

- Охрабрени сме од напредокот, особено во преговорите за проблемот со името со Атина во спорот со името. Сите ние ќе работиме да ги поддржиме за позитивен резултат од овие важни преговори, вели Могерини.

Димитров за текот во прецост на преговори ги запознал и шефовивите на дипломатии од земјите членки на ЕУ на неформалниот појадок во Брисел.

 

 

 

 

28.05.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега