Денеска е Духовен Понеделник или света Троица- денот кога змиите излегуваат од под земја

 

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител.

Во православието овој празник е познат и како несмасна недела, и се верува дека оние девојки кои ќе си го измаијат лицето со вода во која претходно стоело цвеќе, ќе имаат чисто и бело лице цела година.

А за мажите пак се верува дека, доколку на денешен ден, девојка им подари венче од цвеќиња, до крајот на годината ќе се оженат.

Постојат многу верувања во врска со змиите кои често ги сметаме како „народни верувања„ а еве неколку од нив.

Се верува дека на празникот света Троица, змиите излегуваа од земја и тоа не сите туку само оние кои се грешни, Бог ги брка од земјата а оние кои не се остануваат,

Меѓу народот се верува дека оној кој гази змија со боса нога ќе се стекне со способност, да помага на оние кои ги боли Желудник

Ако видите змија за прва пат во пролет, кажете го своето име на сиот глас, така ќе се заштитите во иднина змии да не ви се доближуваат.

Ако видите змија со рог, фрлете марамче врз неа, а ако на змијата  и падне рогот, тој ќе може да ве излечи од многу болести.

Секоја куќа има своја змија која е чувар на куќата или претставува некој од претходните поколенија.

Исто така се верува дека не чини да се убие змија, ако дојде во близина на вашата куќа, зошто може да допринесе да умре некое дете.

Ако видите убиена змија не кревјате нозе, зошто така ќе имате болки во колената.

И ако рано во пролетта видите змии, тоа значи дека времето ќе биде убаво и топло.

 

 

 

28.05.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега