Се вратиле од одмор, па затекнале вистинска ноќна мора пред куќата (видео)

27- годишниот Томас Ентвисл и неговата сопруга 24 годишната Ребека останале шокирани кога се вратиле од одмор и околу куќата затекнале необична глетка.

Тие после враќањето од одмор околу куќата затекнале два метри висока ограда, која ја споредиле со Берлинскиот ѕид.

Брачниот пар верува дека оградата ја кренал фармер кој се спори со градителот на населба во градот Блекбурн во Ланкашир, пренесува Метро.

Дрвената ограда поминува само пола метро од нивната куќа вредна 220.000 фунти.

-Ова беше нашиот дом од соништата, а сега се претвори во ноќна мора, се чувствуваме како да сме во затвор, коментираше Томас, инаку наставник по музико.

Тој вели дека тие во спор кој нив воопшто не ги интересира.

Оваа глетка ги затекнала после враќањето од 11 дневниот одмор во Доминиканската Република.

-Ребека е постојано во солзи. Очајна е, немаше предупредување, оградата само се појави. Веќе не се ни сигурни дали сакаме да живееме овде, вели несреќниот Томас.

 

 

 

28.05.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега