Насилниците дејствувале додека тој си уживал на плажа - уште еден скопјанец се врати со оштетен „Фолксфаген“ од Грција

Уште еден скопјанец се враќа бесен од одморот во Грција. Како што јавуваат од МВР, оштетено е возилото марка „Фолксфаген“ на скопјанецот Ј.С. во грчкото туристичко место Сани Бич. Ова е 65-тото возило кое “настрада“ во Грција ова лето. 

Македонската гранична полиција вчера го евидентираше овој случај. Кај возилото со скопски регистарски таблички во туристичкото место Сани Бич со бел спреј биле покриени ознаките „МК“. Ј.С. не го пријавил оштетувањето на возилото во грчката полиција.

Од вкупно пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, во 40 случаи се работи за кражби на регистарски таблички, од нив пак во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 24 случаи.

Од сите евидентирани случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР, како по правило, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 35.

13.09.2013 - 13:22

најчитано сега