Груевски денеска ќе се сретне со претставниците на бизнис заедницата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на бизнис заедницата. На средбата ќе присуствуваат вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.

Според најавите, тема на состанокот ќе бидат стандардите од областа на екологијата кои треба да се применуваат во работата на компаниите. 

 

13.09.2013 - 12:31

најчитано сега