Анџелина Џоли е најплатена холивудска актерка - еве кој друг се најде на листата

Неодамна „Hollywood reporter“ објави листа за тоа колку точно заработуваат славните ѕвезди. На листата се најдоа 23 славни личности, а на прво место е Анџелина Џоли.

Џоли која го загарантира својот статус со заработка од 20 милиони долари за филм, веќе 14 години владее во Холивуд, почнувајќи од својот прв Оскар за филмот „Girl, Interrupted“. Успешен е и нејзиниот сопруг  Бред Пит кој неодамна заработи 3 милиони долари за реклама за „Cadillac“ во Кина и 7 милиони за реклама за „Chanel“.

По договорот со пепси и Бијонсе е на самиот врв, со заработка од 50 милиони долари. Секако наскоро се очекува и нејзиниот петти албум кој заедно со последната турнеја ќе и донесе поголема заработка.

Најплатениот актер во Холивуд е Роберт Дауни, кој со филмот „Iron Man“, заработи 50 милиони долари за улогата Тони Старк, а од рекламите за „HTC“ доби уште 12 милиони долари.

 Некаде околу 20 милиони заработуваат актерите, Леонардо Дикаприо, Вил Смит, Дензел Вашингтон, Даниел Редклиф и Даниел Крег како Џејмс Бонд во филмот „Skyfallu“. Исто 20 милиони зааботија и п оранешните љубовници Роберт Патисон и Кристен Стјуарт, а Роберт доби и дополнителни 12 милиони од рекламата за „Dior“.На листата се и Камерон Диаз со 42 милиони долари, Џорџ Клуни со 40 милиони, додека пак Џенифер Анистон заработува за една комедија по 5 милиони долари.

13.09.2013 - 12:17

најчитано сега