ВИДЕО: Талентирано кученце влезе во Гинис - погледнете како оди по јаже

Едно од најпопуларните кучиња во Обединетото Кралство, кое со својот талент влезе во Гинисовата книга на рекорди е кучето Ози.

Ози веќе долго време успешно ја балансира својата тежина на јаже, но за влезот во Гинисовата книга тој научил и нов трик. За да го премине јажето со должина од 3,5 метри му биле потребни само 18 секунди и 22 стотинки.

Ова неверојатно куче е растено во Велс, но подоцна неговиот сопственик  го одвел во Норвич, каде што успешно ги научил обичните трикови, како давање на шепа и носење на предмети, по што започнал со учење на потешките трикови како балансирање на јаже.

13.09.2013 - 11:55

најчитано сега